По повод на новогодишните и божиќните празници, Трио Џентлмен ја издаде својата нова песна насловена како „Божиќна“, а изведувачи на истата се: Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев и Кристијан Антовски.
Станува збор за авторско музичко дело на Марина Лотеска (текст), Миле Наумовски (музика) и Сашо Спасовски (аражман).
За екранизација на видео записот на „Божиќна“ се погрижи продукцијата „Дел Рио Филмс“, на чело со режисерот Александар Николоски, Небојша Петрески (директор на фотографијата) и Александар Нешковски (снимател).
Во изведбата учествува и детскиот хор составен од: Камелија Стоев, Стефанија Стоев, Даријан Симјановски, Дороте Симјановска, Деница Симјановска, Андреа Гроздановска, Теодор Божиков, Меланија Василева, Ина Димитровска, Илина Николовска и Јована Николовска и диригентот на хорот Весна Симјаноска.
Во продолжение слушнете ја „Божиќна“.