Нема да помине ден без медиумите во соседството, а и нашите, да не пишуваат за фолк пејачката Рада Манојловиќ која е доста актуелна изминатите неколку години.
Рада прави се за да биде во фокусот од вниманието на јавноста и тоа и успева.
Во најновиот број на српскиот магазин „Стори“ таа се најде на насловната страница, облечена во бело и со уште повпечатлива изјава:
-Ќе се мажам, пишува со големи букви веднаш под фотографијата која Рада ја објави на Инстаграм и предизвика лавина од коментари.

Дали е вистина или само сензација, останува времето да покаже кога Манојловиќ ќе му каже „Да“ на својот Харис.