Радио Милева ем од ова, ем од она време...

Цеце Георгиев си го честиташе роденденот гола в кревет: Бившата манекенка и модел и се враќа на професијата? (ФОТО)

Цеце Георгиев си го честиташе роденденот гола в кревет: Бившата манекенка и модел и се враќа на професијата? (ФОТО)

Откако стана мајка и на свет ја донесе малечката убавица со необично име Кара Розмари, некогашната манекенка и топ модел Цеце Георгиев (порано Орешкова) најпрвин тргна да се врати во топ форма.

Телото го доведе речиси во првобитната состојба пред породувањето, па некогашната манекенка и модел која прва имаше храброст да се разголи на модната писта и пред фотообјективите, реши покрај мајчинството, да и се врати на професијата.

Најпрвин со неколку „срамежливи“ најави за проверка кај аудиториумот на својот изглед, а потоа и со неколку фотосесии како калсична дама која рекламира модели за модерни жени.

Сепак, на ниту една од новите фотографии Цеце не пропушти да ги потенцира своите најистакнати телесни адути.

Долгите нозе во прв план, се разбира доколку тоа место не го завземат големите природни гради на манекенката, млечни и уште повеќе набрекнати заради мајчинството на бујната убавица! Она што е убаво на сите им е драго да го видат! Тоа и Цеце многу добро го знае, па затоа „денот што чекаме цела година“ го дочека со нова секси фотографија… и селфи честитка!

Насмеана, разголена, распослана во постела, Цеце Георгиев самата на себе си го честиташе својот роденден, па фотографијата ја сподели со јавноста! Веројатно добила „честитки и од друг вид“, зашто кој би одолеал да не и честита на вака згодна и секси сопруга, но… тоа е домашна работа, а во домашни работи – не се мешаме!

Можеме само да и честитаме и ние… И роденден и на храброста и упорноста одново да биде онаа старата Цеце… ем Георгиев од ова време, ем Орешкова, онаква каква што ја паметиме, некогаш!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/manekenkata-i-model-cece-georgiev-se-vrakja-na-scenata-seksi-mama-odnovo-e-seksi-machka-foto/

 

To top