Радио Милева

Синди Крафорд не ја одобрува врската на нејзината 18 годишна со контраверзниот комичар

Синди Крафорд не ја одобрува врската на нејзината 18 годишна со контраверзниот комичар

Манекенката Синди Крафорд се противи на љубовната врска на нејзината ќерка Каја Гербер (18) и контраверзниот комичар Пит Дејвидсон (26).

Пит се прослави во познатото американско шоу “Saturday Night Live”, а таблоидите често пишуваат за неговиот бурен љубовен живот.

Комичарот од неодамна е во врска со младата Каја која поради љубовната врска се исели од семејниот дом за да живее со момчето.

На Синди воопшто не и се допадна што нејзината ќерка го напушти домот.

Некогашниот топ модел и нејзиниот сопруг не дадоа значење на врската на нејзината ќерка, но кога таа им соопштила дека ќе се исели од нејзиниот дом тие се обидуваат на секој можен да ја саботираат нивната љубовна врска.

фото: Профимедиа

Фоторепортерите го забележале инцидентот на Менхетн кога видно вознемирените родители дошле да ја земат својата ќерка од Њујорк, а напнатата атмосфера помеѓу Синди и тинејџерката се чувствувала и на аеродромот.

фото: Профимедиа

Ренди и Синди не се одушевени од неуредниот живот и пороците на Дејвидсон и сметаат дека тој лошо влијае врз нивната 18-годишна ќерка. На шармот на проблематичниот Пит не одолеале ниту пејачката Аријана Гранде (26) и актерките Кејт Бекинсејл (46) и Маргарет Куали (25).

To top