Ник Гордон кој беше обвинет за убиството на неговата девојка, ќерката на пејачката Витни Вјустон, Боби Кристина Брауен е пронајден мртов, пишуваат странските медиуми.
Имено, адвокатот на Ник не сакаше да ги открие околностите за смртта на неговиот клиент туки само накратко прокоментира:
„И покрај сите искушенија со кои се соочуваше Ник во последните години, можам да кажам дека многу се трудеше да остане со крената глава, и покрај се сакаше да живее во среќа и здравје со своето семејство“ изјави адвокатот.
„Дејли мејли“ пишува дека Гордон починал по неколку срцеви удари кои ги добил на Нова година како последица од предозирање.
За потсетување, Боби Кристина Браун почина во јуни 2015 година.