Некогашна учесничка на домашните избори за убавина, македонска претставничка на меѓународните избори за мис и балкански амбасадор на убавица, поранешниот модел Вера Мештеровиќ за Женски магазин откри по што ќе ја памети изминатата година.
Изминатата година беше успешна и полна со ангажмани, добив награда „Златна Бубамара на популарноста“ на која ѝ се израдував многу, бидејќи е важна за секој од нас кои сме дел од сцената, а јас на екраните прилично долго се појавувам, со различен интензитет, но сепак присутна. Навистина е чест и задоволство кога сето тоа ќе добие јавно признание дека сте оставиле траг, свој личен печат со своите јавни настапи. Исто така оваа година бев за прв пат модератор на јубилејниот „Виенски бал“, културен настан на највисоко ниво, со хуман карактер во нашата држава. Спотови со наши најпознати пејачи, реклами, бренд амбасадор на разни производи за здрав живот и козметика. Синот Андреј е одличен ученик, а со својата фудбалска генерација „Фк Вардар“ 2009 во детската лига оваа година се на врвот на табелата и освоија два златни пехари на меѓународни турнири во Бугарија. Ќерката Јована од балерина се префрли на гимнастика и исто така имаше свои успеси. Сето ова најубавото би сакала да се преслика и во новата година, да ни биде полна со среќа, смеа и радости“ вели Мештеровиќ.
Поранешната манекенка откри кои се и нејзините желби за следната 2020 година и откри што си посакува на себе и своите најмили.
Сакам полно пакетче со здравје, љубов пред сѐ, во сечиј дом, бидејќи кога го имаме ова имаме сѐ. Сето останато богатство, успех, сѐ се постигнува и се надокнадува. Истото си го посакувам и на себеси, на моите деца Андреј и Јована, на мојот брат, моите родители, на сите роднини,пријатели.
Вера веќе неколку години не е во брак со фудбалерот Игор Кралевски, но на темата развод таа не сакаше да коментира ни кога се разведе, ниту пак сега.
Вера од бракот има два деца Јована и Андреј, а за нив вели дека ги учи да бидат чесни.
Андреј има 10 години, Јована 8. Тие се извонредни деца, насмеани, среќни, дружељубиви, комуникативни, емпатични, грижиливи, вредни, културни, внимателни деца. Андреј тренира фудбал и навистина го сака тој спорт. Јована од балерина сега тренира гимнастика, има голем афинитет кон глумата и планирам да ја запишам на курс. Двајцата се одлични ученици. Ги воспитувам на трајни вредности, чесност, искреност, да бидат вредни, добри луѓе, да веруваат во себе, да го ценат својот труд но и трудот на другите, да се одговорни, истрајни, ги учам на здрави навики за животот, за храната, хигиената, да не се откажуваат никогаш без разлика што нема да успеат од прв пат да продолжат, и да се обидуваат сѐ додека не го постигнат замисленото. Впрочем сѐ се постигнува, сѐ е возможно, доколку сме посветени и истрајни за да дојдеме до целта во училиштето, во спортот, во професијата, во животот“ вели Вера за „Женски магазин“.
Таа исто така откри дека не е заљубена, а своето слободно време го поминува во кино, театар, на одмори, со децата и најдобрите пријатели.