По повод на Новата година, сопругата на пејачот Џастин Бибер, Хајли Бибер на социјалните мрежи на својот сакан му испрати новогодишна честитка.
Имено, таа на својот „Инстаграм“ објави неколку фотографии со пејачот , а во описот на истата напиша:
„Те молам биди мојот новогодишен бакнеж, дури и кога ќе имам 80“.
Објавата на која која позира заљубениот пар доби повеќе од еден милион лајкови.
За потсетување, Хајли и Бибер 2019 ќе ја паметат по нивната свадба, а пејачот за 2020 година најави враќање на музичката сцена.
фото: Инстаграм