Радио Милева

„Првпат вака ја дочекав Новата година“: Драгана Мирковиќ откри што најмногу и недостигало на новогодишната ноќ

„Првпат вака ја дочекав Новата година“: Драгана Мирковиќ откри што најмногу и недостигало на новогодишната ноќ

Пејачката Драгана Мирковиќ за новогодишната ноќ настапуваше на Копаоник, а како што истакна  ова е првпат на овој начин да ја дочека Новата година.

„Никогаш на овој начин не ја дочекав Новата година, ова ми беше првпат. Ми беше преубаво, конечно падна снег. Имав снежна Нова година, снег, Копаоник, прекрасни луѓе околу мене“ вели пејачката.

фото: принтскрин/инстаграм/драганамирковиќ

Таа откри дека и недостигаат нејзините деца Марко  и Мануела, па токму поради тоа еден ден по Нова година се враќа во Виена.

„Јас денес патувам за Виена, Марко и Мануела се таму. Тие оваа година не беа со нас. Јас бев работно, а тие уживаа во Виена. Сите уживавме, секој на своја страна, но сега сакам да ги видим и да прославиме заедно“ вели Мирковиќ и додава дека претходната година и била одлична на сите полиња.

фото: принтскрин/инстаграм/драганамирковиќ

„Мене оваа година ми беше преубава и на приватен и на професионален план, дури многу повеќе од што очекував. Јас никогаш не планирам, а кога ќе се случат преубави концерти, тогаш тоа ме воодушевува, па и кога добив награда за животно дело, бев пресреќна. Ниту оваа година нема да очекувам ништо, па ќе се воодушевам“ вели фолк дивата.

 

To top