Сузана Гавазова уште еднаш покажа дека е „ретка ѕверка“ во естрадната „Џунгла“. Една од ретките што точно знае кога е време да ви го крене адреналинот, ама и како тоа најдобро се прави.
А како поинаку една пејачка би можела, ако не со своите песни и атрактивен изглед. Но, со оглед на тоа дека во естрадната „Џунгла“ конкуренцијата е навистина жестока и безмилосна, за да не те прегазат посилните или да те проголта времето на заборавот, мора постојано да си во фокусот. Повеќе од јасно е дека попусто добро пееш, ако добро не изгледаш… И тоа ѕверски добро, животински привлечно и атрактивно, зашто само згодна и сексапилна естрадна „ѕверка“ може да ги намами своите „жртви“… на грев! И тоа доброволно!
Зашто нивниот грев всушност е аудиовизуелно задоволство за кое се подготвени да платат, а нивната омилена естрадна „ѕверка“ да им го овозможи и исполни со песна! А расната струмичанка е токму таква!
Особено тогаш кога најмногу треба, па затоа Гавазова во вистински момент, околу новогодишните празници, кога расположението е наголемо и највесело, влета со високо кренати нозе во 2020 година директно од естрадната „Џунгла“…
Со новата истоимена песна, каде преку новото видео, од својата постела мами на грев!
Всушност, така некако се пее во стиховите, а таква е и визуелната содржина на новото видео на македонската фолкерка, која овој пат направила нешто што е музички ултрамодерно, многу поблиску до современиот поп отколку до класичен фолк, а визуелно апсолутно примамливо.
Разголени долги нозе, танга боди со животински принт или распослана на постела во црна садо-мазо комбинација, пејачката зрачи со еротски набој и неодолива привличност и елеганција.
Зашто кога Гавазова ќе го распостеле сиот свој телесен раскош, тешко дека некое машко може да одолее и само да не влета во нејзината „Џунгла“, во која таа е „главната ѕверка“, која својот плен лесно го мами на „грев“.
Патем, ова е добра можност, ако не со поинаква, барем со исполенета музичка желба, Гавазова да ви ја честита Новата 2020 година…
Се разбира како најзгодната распеана „дива мачка“ во естрадната „Џунгла“.