Започна Новата 2020 година, а ние веќе ги сублимираме впечатоците од новогодишната ноќ.
Велат како ќе ви почне годината таква ќе ти биде цела, поточно што ќе правиш на 2 јануари тоа ќе го правиш во текот на целата година.
Ако до пред дена ги собиравме впечатоците од 2019 година, сега е време да започне да создаваме нови случувања и спомени по кои ќе ја паметиме 2020 година.
Во Македонија, па и во светот, традиција е за Нова година да се купуваат подароци, а најмалите, децата добиваат новогодишни пакетчиња на кои неизмерно им се радуваат.
Ќерката на водителот и маркетинг менаџерот Димитар Атансовски и пејачката Сара Мејс, сигурно добила пакетчиња, но тато уште на самиот старт знае по што ќе памети 2020 година.
Имено, тој во кратките приказни објави чокалдо, a во описот на истата напиша:
„2020 ќе ја паметам како година во која ги изедов сите пакетчиња на ќерка ми“ се пошегува водителот на социјалните мрежи.