Кога сме мали сакаме што побрзо да пораснеме, а пак кога тоа ќе се случи, сакаме да се вратиме назад во детството и не ретко носталгично ги евоцираме спомените од детството.
Веруваме дека тоа му се случува речиси на секого, а ваквите носталгични мисли ги има и нашата позната пејачка Викторија Лоба.
Иако во неа тече руска крв, убавата Лоба неодамна посака да добие и македонско државјанство, за што беше тема на разговор во јавноста.
Како дете растеше во Русија, но најголемиот дел од својот живот таа го минува во Македонија, па затоа и се чувствува како Македонка.
Деновиве Лоба на својот Фејсбук профил објави ретро фотографија на детството на која изгледа преслатко.
Убавица како мала, а уште поубава денес, вистинска дама по која најмногу воздивнуваат припадниците на посилниот пол.