Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, неодамна заплови во музичките води, а веќе без задршка сака да ја потпишуваат како пејачка.
Нејзините две песни имаат милиониски прегледи, но Анастасија сè уште не настапува бидејќи сака да излезе нејзиниот деби албум и да сними спотови за песните.
Сепак, тоа не ја спречува да заработува пари, па затоа гордо признава дека не зема пари од нејзината мајка во последните четири години.
“Јас се издржувам себеси и воопшто не барам пари од мајка ми. Јас сум горда на тоа. Сакав да бидам независна и тоа се оствари”, изјави младата пејачка за „Лично, незванично“ и откри од каде потекнуваат нејзините пари:
„Најмногу заработувам од Инстаграм и од годишните договори“-открива Анастасија, која во ова специјално интервју кое може да го погледнете во продолжение, зборуваше за досега непознати детали од нејзиниот приватен живот.