Српските медиуми до неодамана шпекулираа дека Марија Шерифовиќ од следната сезона нема да биде дел од „Ѕвездите на Гранд“.
По овие написи, се огласи и Марија која истакна дека веќе доволно сезони е во музичкото шоу, па време е да се повлече.
Меѓутоа, српскиот портал курир.рс пишува дека наводно и Вики Миљковиќ го напуша музичкото шоу.
Имено, извор тврди дека Вики е прва која ќе биде заменета, па токму поради таа планира да го напушти музичкото шоу.
„Вики веќе размислуваше да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи не може да ги поднесува малтретирањата од страна на колегите и константните прозивки на нејзина сметка, но сфати дека не може да има подобар маркетинг и поради тоа одлучи максимално да го искористи тој медиумски простор“ вели извор за „Свет“ и додава:
„Таа има многу хитови и долга кариера зад себе, но Саша и „Гранд“ ја „оживеа“, и порасна цената, има повеќе настапи. Едноставно, не сака да се пишува дека Поповиќ ја заменил, ниту дека одлучил дека не сака повеќе да биде дел од тимот“ вели изворот.
„Тие приватно се во многу добри односи, одат на родендени, слави, но Сале е голем професионалец, а кога станува збор за работа, не го интеренсираат пријателските односи“ додава изворот.
Дали навистина Вики ќе ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ останува да видиме.