Демјан Харли (17), синот на актерката и манекенка Елизабет Харли, објави фотографија со нејзината мајка, а сите се согласија дека на неа тој изгледа неверојатно… нежно!
На овој начин тој им го честиташе Божиќ на своите следбеници на социјалните мрежи, а под фотографијата доби куп коментари меѓу кои и овоие два: „Вие изгледате како сестри“, „Како да сте близнаци“, затоа што многумина помислија дека тоа е нејзината ќерка, а не нејзиниот син.
Актерката често објавува голи фотографии на својот профил и нејзините следбеници постојано се во шок од тоа колку добро изгледа на 54-годишна возраст.
Сега гледаме дека добрите гени ги наследил и нејзиниот наследник… Само, „малиот“ на манекенката некако изгледа многу… женственo!?