Пејачот Харис Џиновиќ (68) направи вистински спектакл вчеравечер, 25 декември, во преполниот „Сава центар“ каде што одржа свој соло-концерт.
Пејачот беше во црна кошула над која имаше шарено сако, веројатно комбинација на неговата сопруга која е моден дизајнер.
Џиновиќ беше видно расположеен, а веднаш штом се појави на сцената го испеа неговиот голем хит „Остаричу нечу знати“.
Неговата сопруга, Мелина Џиновиќ и нејзината сестра Емина Галиќ, изгледаа светски на концерт на Харис седнати во првиот ред.
Мелина доминираше во црвен фустан истакнато деколте, додека Емина „заблеска“ во дводелен сјаен фустан, а присутните фотографи имаа полни раце работа.