Она што е убаво и од Бога дадено, би било штета да се сокрива, а кога жените се свесни за своите мани и недостатоци, тогаш го истакнуваат најдоброто на себе и дишат со полни гради самодоверба.
ТВ водителката Милена Антовска Станковска, солободно може да се каже дека е една од најзгодните млади мајки од домашната јавна сцена. Таа не се остава само на она што и го дала мајката природа, туку редовно се негува, посетува салони за убавина, спортува, се храни здраво…
Кога ќе се спојат сите нешта, внатрешниот и надворешениот резултат говорат заедно.
Милена деновиве пред камери се појави во ултра кусо здолниште во металик нијанса, споено со слатко розово џемперче и пастелни високи потпетици.
За вакво модерно, но и провокативно издание, навистина треба голема самодоверба, која Милена очигледно ја донела на ниво, и секако не погрешила.
Веројатно и станало комфорно во ваквите секси парчиња, па во екот на новогодишното лудило, излезе на забава со пријателки и повторно се „стегна“ во кусо мини, само овој пат од црно.
Нема потреба ни да се наведе, колку ли ласкави комлименти собра на социјалните мрежи – можете да претпоставите!