Сите имаме свои идоли, ликови кои ги обожаваме и кои ни се инспирација во секојдневниот живот. Со ознаката #MyIdol и „селфито“ од неа како позира до стара фотографија од Елизабет Тејлор, Ким Кардашијан повторно ни покажа кој е нејзиниот идол на социјалната мрежа Инстаграм.
Американската старлета досега во неколку прилики изјави дека е фасцинирана со Тејлор, којашто почина во март 2011 година на 79 – годишна возраст. Еден месец пред смртта на познатата глумица, Кардашијан ја интервјуираше за „Harper’s Bazaar“, а последниот ’твит’ на ѕвездата пред нејзината смрт беше токму за тоа издание. „Следи ја својата страст, следи го своето срце и работите што ти требаат ќе дојдат едно по друго“. – Тејлор ја советуваше Ким во интервјуто.
Ким Кардашијан сега нè врати и во златната ера на Холивуд неколку години наназад. Сопругата на Канје Вест учествува во фотосесија за списанието 7HOLLYWOOD, терајќи не да заборавиме дека годината е 2019 година.
На фотографиите, Кардашијан носи црн фустан, а косата е стилски тапирана.
Изборот на реалити ѕвездата не е случајен. Ким отсекогаш тврдела дека инспирацијата ја црпи од актерките Софија Лорен и Елизабет Тејлор.