Градите на норвежанката Синди Старлет се прогласени за најголемите во Норвешка. Таа уште е позната како „норвешка барбика“ а годинава одлучила да ги соедини своите две најголеми страсти, пеењето и пластичните операции.
37 годишната Синди досега во пластичните операции за зголемување на градите и усните вложила околу 21 000 фунти поради што и направила песна кога го добила името „’Boobs Dance’.
„Само сакав да пеам за своите големи гради. Го правам тоа за да привлечам внимание. Најмногу сакам да пеам под туш… Особено додека некој ми го трие грбот“ – изјавила норвешката барбика.
„Знаев дека сакам да пеам за розово Ферери и за градите, но не знаев точно што. Им дадов идеја на продуцентите и тие напишаа песна за мене“ – објаснила русокосата Синди.
Првата пластична операција за зголемување на градите Синди ја направила кога имала само 15 години.