Емина Јаховиќ неодамна стави крај на бурната романса со турскиот бизнисмен Садетин Саран, а се чини дека убавата пејачка не тагува по пропаѓањето на нивната љубов.
Неколку недели по напуштањето на милијардерот, Емина Јаховиќ наводно има „нов“ партнер.
Поточно, според пишувањето на „Информер“, тоа е нејзиниот поранешен сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал.
Атрактивната пејачка, наводно, се помирила со нејзиниот поранешен сопруг, со кого има два сина, а тие сè уште не зборувале јавно за ова.
„Тие решија да дадат уште една шанса на нивната љубов“, изјавил неименуван извор за споменатиот медиум.
„Неодамна се видоа на вечера, разговараа за и сфатија дека меѓу нив сè уште постојат емоции“ – додава истиот извор.
Дали ова е само шпекулација или вистина, останува да видиме додека не се огласат со демант или потврда.