Пред само неколку дена пејачката Тамара Тодевска и нејзиното семејство го славеа првиот роденден на синчето Дарен.
Во домот на Тамара, со две мали деца, секогаш е забавно и возбудливо, што од Хана, што од Дарен.
Пред една година, токму пред прагот на Новата, Дарен дојде на овој свет како подарок, а сега повторно пред 2020 година, малиот убавец ги израдува мама и тато со тоа што ги направи првите чекорчиња.
Проодувањето на Дарен мораше да се забележи на камера, а тој како малечко пиленце ги направи првите чекори кон тато.
Дада Хана сега ќе може уште поактивно да и игра со своето помало братче, а мама и тато со широка насмевка и растреперени срца од среќа, го дочекаа и овој момнет во животот.
Лесни чекорчиња Дарен!