Луксузната јахта од 7 милиони долари во сопственост на пејачот Марк Ентони, поранешниот сопруг на поп дивата Џенифер Лопез, изгоре во марината во Мајами.
На пожарникарите кои веднаш се нашле на лице местото им биле потребни два часа за да ја санираат катастрофата.
Според странските медиуми, 40 лица учествувале во гасењето на пожарот.
The yacht that caught fire last night at the Island Gardens Marina in Miami belonged to Marc Anthony https://t.co/rjmH9cgczd pic.twitter.com/3tDiBoOzCX
— Joel Franco (@OfficialJoelF) December 19, 2019
Портпаролот на Марк Ентони потврди дека пејачот во моментот на несреќата не бил на јахтата, персоналот успешно бил евакуиран и никој од луѓето не е повреден.
Пожарот не ги погоди другите бродови, иако се чинеше дека огнот имал неизмерливи размери.
.@wsvn ? flew over Marc Anthony’s capsized yacht this morning. More than 40 firefighters battled a fire that started on the vessel last night. pic.twitter.com/zEZFLEvtqR
— Joel Franco (@OfficialJoelF) December 19, 2019
Сепак, причината за оваа катастрофа е непозната за јавноста, но секако добра вест е дека никој на не е повреден.
Јахтата беше долга 36 метри и имала неколку луксузни соби, базен и џет-ски пристаниште.