Бурак Озчивит, славниот турски актер кој многумина го препознаваат по улогата на Бали Бег, откако стана сопруг и татко, се променил целосно.
Како што пишуваат турските медиуми, особено откако им се роди синчето Каран, мама Фахрие била „заглавена“ во кујната, но освен бебето, посебни барања имал и нејзиниот сопруг.
Имено, тој на сетовите не јадел од храната како и останатите колеги, туку преку достава, сопругата му праќала јадења од домашната кујна.
Здравиот начин на живот бил примарен за ова познато турско семејство, кое деновиве е актуелна тема во медиумите откако за првпат го покажаа својот наследник.