Радио Милева

Славната пејачка и најсексапилниот холивудски актер раскинаа, а таа вели дека нема простор за драма

Славната пејачка и најсексапилниот холивудски актер раскинаа, а таа вели дека нема простор за драма

Најсексипилниот маж на планетата, актерот Ченинг Тејтум (39), кој е Миленик на жените ширум светот, повторно е слободен после едногодишна врска која започнанепосредно по разводот од Џејн Деван, со кого ја има ќерката, Еверли.

Оваа вест особено го израдува женскиот пол и веста се најде во светските и домашните медиуми. На темата за раскинувањето со пејачката Џеси Џеј (31), сексипилниот актер сè уште не се огласил, но тоа го стори сега веќе неговата поранешна девојка. Таа се обрати пред јавноста преку Инстаграм, истакнувајќи дека тие се разделиле мирно и останале одлични пријатели.

фото:профимедиа

– Никогаш нема да ми биде нормално кога луѓето коментираат, дискутираат и имаат мислење за мојот живот, особено за мојот приватен живот. Освен ако не сте го искусиле. Чудно е чувството дури да се обидам да го објаснам тоа … Знам дека не можам да контролирам што ќе прават и што коментираат луѓето, но можам да ја кажам вистината.
– Иако на медиумите им треба и сакаат некоја драма или нешто ново, во моето последно раскинување немаше драма. Нема омраза. Нема озборувања. Сосема едноставно, ние сме само двајца многу нормални луѓе (се случи, и на познати ) кои се запознале. Излеговме. Многу се забавувавме. И едноставно, со текот на времето тие признавме дека не оди, во смисла на романтична врска.

фото:профимедиа/бекгрид

– Ние сме уште пријатели. Сè уште се почитуваме и сакаме. Лесно е, треба да се впуштите во љубов за да знаете дали тоа ќе оди. Во нашиот случај, некој дел од светот нè гледаше, и тоа е единствената разлика. Сега да се вратиме на пишување приказни за вистински проблеми и да ги едуцираме луѓето за важните работи што се случуваат – напиша Џеси.

Од друга страна, поранешната сопруга на Ченинг, наскоро повторно ќе се оствари како мајка со новиот иозбраник.

To top