Пејачот Александар Вуксановиќ, попознат како Аца Лукас, ја искоментира шокантната фотографија што кружи на Интернет, на која тој лежи на каучот, а кесе растурен бел прав покрај него се гледа на масичката.
Аца е на фотографија без кошула, просторијата е силно осветлена од сончевата светлина, па малку е веројатно дека е снимена во последните неколку недели.
„Фотографијата е направена пред многу време, од шега со пријателите. Каква е дрога, тоа е шеќер! Се дружевме, се зафркававме и шегувавме, а некој ја искористил сега, без причина. Дали мислите дека после сè што сум направилво мојот живот, би си дозволил вакво нешто? Дури и кога го правев тоа, не беше можно ваков вид фотографија да се појави, а камо ли сега! Тоа е… Ме боли уво, немам што да се правдам“ – рече фолкерот во изјавата за „Вечерње новости“.