Промотер

Влатко Миладиновски го опеа сонот на секој Македонец што живее по белиот свет во – „Се вратив сине“ (ВИДЕО)

Влатко Миладиновски го опеа сонот на секој Македонец што живее по белиот свет во – „Се вратив сине“ (ВИДЕО)

Голем број Македонци, поради одредени причини заминале од родната земја, но со намера и сон еден ден да се вратат назад да живеат во Македонија. Каде и да се низ светот, повеќето од родителите сакаат нивните деца да ги оженат во родната земја. Токму ова, го опеа познатиот фолк пејач Влатко Миладиноски во неговата последна песна “Се вратив сине”.

За оваа песна, тој сними и спот во соработка со ИН Продукција. Снимањето се одвиваше во неколку градови низ Швајцарија, но и на планината Козјак.

„Тоа беше и целта, да биде со такви кадри и такви моменти… Има доста Македонци кои што живеат тука, има доста и како нас кои поминале и виделе, така што и тоа ќе и даде своја симболика на песната во која  е опеана приказна на секој еден Македонец што живее некаде по овој бел свет“ – појасни Миладиноски во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Со оглед на тоа, што песната има доста  текст и е посветена на сите Македонци кои живеат далеку од родната Македонија, Влатко се надева дека многу нашинци ќе се пронајдат во неа.

„Ова е приказна за многу Македонци кои што живеат насекаде по светот. Се надевам дека со спотот ќе се оформи таа цела приказна да можат и физуелно доживеат и верувам дека многу луѓе ќе се пронајдат во песната што испеав“ – додава тој.

Инаку, песната “Се вратив сине” е сместена на третиот студиски албум на Влатко. Музиката и аранжманот се дело на неговиот брат Златко Миладиноски, а текстот е на Драган Матески.

Спотот беше неодамна промовиран на сателитската ИН Телевизија, а може да го погледнете во продолжение:

Извор:Естрада+

To top