Радио Милева се огласи ќерката на силвија...

Јана Стојановска по апсењето Силвија е шокирана: „Мајка ми е невина… нема никаква врска со трговијата на дрога“!

Јана Стојановска по апсењето Силвија е шокирана: „Мајка ми е невина… нема никаква врска со трговијата на дрога“!

Како бомба одекна во регионот веста дека македонската актерка Силвија Стојановска е уапсена и се сомничи дека е член на криминална група која организирала шверц на наркотици од Шпанија во други европски земји, вклучувајќи ја и Македонија. Таа е осомничена за обезбедување „логистичка помош“ на двајца браќа од Македонија, од кои едниот е нејзиниот сегашен сопруг Воислав – објавија денес српските медиуми повикувајќи се на македонски извори.

Уапсената Силвија е мајка на младата актерка Јана Стојановска – Бојиќ, која на српската јавност и стана позната по учеството во култната серија „Сенки над Балканот“. Јана по апсењето на мајка и ја даде првата изјава за српските медиуми во која актерката тврди  дека нејзината мајка нема никаква врска со шверцот со дрога.


„Бев шокиран кога слушнав дека мајка ми е приведена, но накратко, бидејќи наскоро беше откриено дека таа нема никаква врска со трговијата со дрога! Неа  ја поврзаа со ова заради братот на нејзиниот сопруг, кој е осомничен за трговија со дрога. Мајка ми беше обвинета и приведена без причина, таа е невина“ – изјави Јовановска за српски „Еспресо“.


Јана додава дека тоа нема да ја наруши долгата и успешна кариера на нејзината мајка. Во моментов Јана е во Букурешт, каде што живее изминативе месеци со сопругот, кошаркарот Андрија Бојиќ и синот Ненад, кој има само три ипол месеци.


Инаку Јана Стојановска, ќерката на уапсената Силвија, во регионот стана позната по улогата во првата сезона од серијата „Сенки над Балканот“ каде ја играше младата македонска револуционерка Јованка, која беше сурово убиена по сеансата жесток и брутален секс со Калуѓерот, лик кого во серијата го игра актерот Гордан Кичиќ, пишува медиумот.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/jana-stojanovska-kako-vo-horor-porno-seks-bez-cenzura-i-surovo-ubistvo-ova-e-najbrutalnata-scena-vo-senki-nad-balkanot-shto-se-gleda-bez-zdiv-foto/

To top