Оваа сабота, најверојатно ќе биде „бурна“ во „Sвездите на Гранд“.
Имено, во најавата за следното шоу, може да се види Марија Шерифовиќ, која збесна поради еден натпреварувач, па не бираше зборови со кои му се обрати.
– Дали имаш мозок ?! Што ти е ?! Каде ти е интелигенција ?! рече пејачката со покачен тон, но не застана тука.
– Дали имаш IQ 17 како собна температура ?! рече Марија.
Потсетуваме, како што и самата посочи во соопштението за медиумите, ова најверојатно ќе биде нејзината последна сезона како член на жирито кога станува збор за ова музичко шоу за таленти, бидејќи таа „се потрошила“ и „дала се’ што имала “. Сепак, нејзината објава неодамнна ја прокоментира Сузана Јовановиќ, сопругата на Саша Поповиќ, која рече дека Марија секогаш размислува за заминување, но никогаш не одлучува да го преземе тој чекор.