Радио Милева

Мартин Вучиќ ретко ја покажува сопругата, а за оваа нова фотографија русокосата убавица ги собра сите пофалби (фото)

Мартин Вучиќ ретко ја покажува сопругата, а за оваа нова фотографија русокосата убавица ги собра сите пофалби (фото)

Поранешниот поп пејач, а денес музичар на ударни инструменти и актуелен директор на Македонскиот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, Мартин Вучиќ, е доста резервиран за откривање детали кога е во прашање приватноста.

Тој во месец јуни 2018 година се ожени со својата сакана и сегашна сопруга Сања, а се дотогаш вешто од јавноста ја криеше врската и идентитетот на својата партнерка.

Дури на свадбата Вучиќ ја покажа својата понежна половена со која се врза.

Од свадбата помина повеќе од една година, а се до неодамна Мартин не покажал јавно ниту еден  заеднички момент.

За промена тој неодамна за насловна фотографија на својот профил на Фејсбук, постави таква со сопругата, веројатно од некоја свеченост,  каде и двајцата изгледаат елегантно, тој во црн костум, а таа во елегантна црна тоалета.

фото:мартин вучиќ/фејсбук

Најмногу комплименти собра Сања на која пријателите и поласкаа дека е вистинска убавица и дека заедно се совршен пар.

To top