Српскиот композитор продуцент и член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Милиќ Мили во јавност ретко се појавува со сопругата.
Мили на забавата по повод претставувањето на новата програмска шема на ТВ „Прва“ која беше одржана на еден сплав, дојде рака под рака со убавата Нина, со која е во брак веќе 14 години.
Нина на себе имаше елегантно одело, а бидејќи со Мили многу ретко се појавуваат заедно на јавни настани, го привлекоа вниманието на присутните, а особено на српските медиуми кои не ја пропуштија приликата да ги фотографираат.