Српската ТВ водителка Деа Ѓрѓевиќ денеска по паузата се врати во утринската програма на телевизијата „Пинк“.
Деа нешто повеќе од еден месец беше далеку од екраните, а причината беше терапијата што мораше да ја помине.
Убавата водителка утрово повторно ги поздрави гледачите на „Ново утро“, а сите веднаш забележаа дека ја променила фризурата и дополнително ја скратила.
Но, она што исто така го привлече вниманието на многумина беше прстенот кој Деа го носеше на десната рака, каде се носи бурма, па веднаш почнаа гласините дека тајно се венчала со својот колега Младен Мијатовиќ.
За потсетување, Деа минатата година доживеа тешка сообраќајна несреќа, кога автобус и ја открина раката која за среќа докторите успеаја да и ја спасат.