Започна вториот круг на емисијата „Никогаш не е доцна“, а прва настапуваше добро позната кандидатка Софче Џорлева која во првиот круг го остави жирито без зборови.
Во првиот круг, Софче ги воодушеви сите со својот глас и добрата песна, а за вториот круг одбра ромски хит односно „Geljan dada“ од Шабан Бајрамовиќ. Штом започна со пеење, македонската учесничка веднаш доби аплауз од публиката во студиото.
По нејзиниот одличен настап, жирито имаше само пофални зборови за Софче.
„Ромскиот јазик ви оди добро, ми се допаѓа. Секоја чест“ изјави Ален Адемовиќ, а Катарина Грујиќ прокоментира дека има одлична енергија и дека совршено пее.
Во вториот круг има ревијален дел каде што кандидатите пеат во дуети, а овој пат Софче доби засилување од нејзината поддршка, односно нејзиниот син Огнен Здравкоски која претходната година беше во „Ѕвездите на Гранд“.
Софче и Огнен заедно ја отпеајаа „Зoшто си ме мајко родила“, а публиката во жирито стана на нозе.
„Да пееш со синот е нешто најубаво во светот“ изјави Софче по настапот.
По изведбата на „Зошто си ме мајко родила“, на сцената се прудржи семејството на Софче, а водителката Драгана Катиќ истакна дека со овој гест пратила најубава фотографија во светот.
Нејзиниот настап може да го погледнете во видеото подолу на 8:20.