Поп пејачката Валери Димовска, 2019 година ја испраќа со нова песна насловена „Вози ме“ комплетирана и со видео приказна.
Младата пејачка како и за претходната песна, така и за најновата работеше со Темелко Андреев со кого заедно ги создадоа музиката и текстот, додека аранжманот, миксот и мастерот се само на Анреев.
-Возиме е песна на која исто како и во претходните проекти работевме јас и мојот продуцент Темелко Андреев. Оваа песна се издвојува од другите, решивме да ја направиме малку поразлична од предходните,и тоа навистина ни успеа. Снимањето на сцените траеше една ноќ. Јас, но и целиот тим кој стои позади мене сме задоволни од создадениот материјал кој го снимаше Горан Симјаноски
Преслушајте ја „Вози ме“: