Наследникот на турската актерка двојка Фахрие Евџан и Бурак Озчивит или попознати како Бали Бег и Неџла, синчето Каран, веќе е потпораснато седум ипол месечно бебенце.
Помина доста време откако Бурак и Фахрие станаа родители за првпат, но немаа намера да и го покажат на јавноста својот наслендик.
Деновиве гордатата мајка се реши на сите да им го покаже својот мал убавец кој е копија на тато.
Каран е облечен во бели шпилхозни како космонаут и носи чорапчиња со знакот на Супермен.
Малиот Озчивит уште од бебе жвее голема слава, а иако на неговите ултра познати родители им беа понудени многу пари за да го покажат во некој магазин, тие не се одлучија на таков чекор.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.