Во последните неколку денови се пишуваше дека синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ е во врска со сестрата на Богдана Родиќ, Бојана.
По тој повод во интервју за курир.рс, Стефан ја откри вистина и дали е заљубен во сестрата на сопругата на Вељко Ражнатовиќ.
„Во последно време ме поврзаа со многу девојки, но не сум заљубен“ вели Живојиновиќ.

Младиот пејач откри дека девојката поради која ќе „падне на колена“ мора да има добра енергија.
„Јас неколку пати истакнав дека ми е важно да се поклопуваат енергиите, да разбира што работам и да има свој цел во животот. Ги сакам девојките кои работат на себе“ вели пејачот.
За потсетување, неодамна Брена и Боба прославија 28 години брак, а Стефан откри како сакаат да го прославуваат овој датум.

„Ние сакаме да се собереме дома и со убава вечера и вино да ја прославиме годишнината од бракот. Тоа се моменти кога сите сме дома и имаме време да разговараме“ изјави синот на Лепа Брена.
На прашањето што најмногу го неврвира, тој вели дека тоа се луѓето од корист.
„Најмногу ме разочарува кога ќе видам дека е со вас само од корист. Дали станува збор за некој во друштво, девојка…Такви работи многу ме нервираат, а за жал, јас имав такви ситуации. Сега се научив да ги однапред ги видам луѓето кои се од корист и ги избегнувам таквите луѓе“ вели Стефан.