Денес е понеделник, 12 февруари 2018 година, 43-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:28, а ќе зајде во 17:07 часот. Денот ќе трае 10 часа и 37 минути.
Ова утро насекаде во Македонија преовладува претежно облачно и студено време. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Македонски Брод. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинските превои Стража и Буково, во Крива Паланка, Крушево, Делчево и Смојмирово.
Во Македонија денес посвежо утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -5 до 3 степени. Во текот на денот ќе биде претежно облачно со услови за повремени сончеви периоди кон крајот на денот. Ќе дува доумерен слаб северозападен а во западната половина слаб југозападен ветер. Максималните дневни температури од 2 до 12 степени, температури кои што ќе бележат тренд на благ пораст.
Во Скопје денес претежно облачно време, а во доцните попладневни часови со услови за повремени сончеви периоди. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Минималната температура од 1 степен, а максималната дневна до 8 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија вторник умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, а над 1300 метри со врнежи од снег. Утринските температури од -5 до 4 степени, додека пак дневните од 3 до 13 степени. Во среда во Македонија облачно време со врнежи од дожд, а над 1300 метри со врнежи од снег. Утринските температури од -3 до 6, додека пак дневните од 3 до 13 степени. Во четврток студено утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат од -6 до 3 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно време со сончеви периоди и температури до 1 односно до 11 степени. Во петок посвежо утро со утрински температури од -7 до 2 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и максимални температури од 4 до 14 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во вторник умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и дневна температура до 9 степени. Во среда облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и максимална температура до 9 степени. Во четврток по студеното утро со температура од 1 степен, во текот на денот умерено облачно време со сончеви периоди и максимални 7 степени. Во петок претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време за овој период од годината со дневна температура до 10 степени.
КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ – Според измерените податоци во 6 часот на сите мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, што значи дека и количеството на штетните честички насекаде е во границите на дозволеното.
Во изминатите 24 часа количеството на штетни пм 10 честички во Скопје се движеа во интервал од 92 до 28 микрограми на метар кубен (Лисиче 92, Миладиновци 62, Гази Баба 51 микрограми на метар кубен, Ректорат 50, Центар и Карпош 28 микрограми на метар кубен). На останатите мерни места: Кавадарци 142, Гостивар 68, Тетово 59 микрограми на метар кубен, Битола 52, Струмица 49, Куманово 44 микрограми на метар кубен.