Промотер

Марија Спасовска користи знаковен јазик: „Сакам“ – за да ме разберат и тие што не можат да ме слушнат (ВИДЕО)

Марија Спасовска користи знаковен јазик: „Сакам“ – за да ме разберат и тие што не можат да ме слушнат (ВИДЕО)

Минатогодишната македонска претставничка на детскиот „Евросонг јуниор“ има нова песна.

Марија Спасовска самата ги напиша стиховите за песната „Сакам“, чиј композитор е познатиот автор и продуцент Робет Билбилов, која заедно со самата Марија ги испеа и придружните вокаливо песната.

„Сакам“ доби и своја необична визуелизација во која, во спотот кој го потпишува познатиот уметнички фотограф и режисер Зоран Стојановски – Зонде, псе користи и знаковниот јазик кој го ползуваат лицата со оштетен слух и глувите и наглуви лица.

„Сакам да ме разберат што пеам и оние што не можат да ме слушнат“ – порача младата пејачка појаснувајќи го ваквиот потег во видеото за „Сакам“ кое можете да го проследите во продолжение.

To top