Криси Тајген, сопругата на пејачот Џон Леџенд, која на Инстаграм има скоро 27 милиони следбеници, направи хаос откако објави разголена фотографија на која е со нејзината малечка ќерка.
За нејзините фанови не е спорна голотијата, туку моментот што нејзината ќерка е присутна во кадарот, поради што и забележаа во многуте коментари.
-На сет сум со својот стилист, напиша Криси на шега за фотографијата, а потоа нејзиниот профил го преплавија критики.
-Исусе, покриј се. Ќерката ти е овде –пишува во еден коментар, а друг се надоврза и праша:
-Носиш ли некогаш гаќи?
Една девојка застана во одбрана на Криси, која и порача дека не и е јасно зошто толку луѓе не ја сакаат само поради една фотографија.
-Ова е прекрасно. Нашите ќерки треба да учат да го сакаат своето тело, а не да го сокриваат. Во долната облека е неудобно!, напиша за манекенката една следбеничка, а друга па и порача:
-Да имам тело како твоето, никогаш не би носела облека.
Инаку, сопругот на Криси, според изборот на магазинот „People“ е прогласен за најсекси маж за 2019 година.