Фолк пејачката Дара Бубамара покрај тоа што има стан во Нови Сад исто така поседува и стан во Белград каде што први соседи и се дипломати и академски граѓани.
Тие не биле многу расположени да разговараат за пејачката, па кога ќе се спомнало нејзиното тие само се заблагодариле и продолжиле по својот пат.
Меѓутоа, еден постар господин кој се шетал со кучето на екипата од Информер им ја покажал куќата каде живее Дара и истакнува дека меѓу соседите се шпекулира пејачката се доселила во нивната населба, но не ја гледаат често во нивниот крај.
„Ја гледам само кога ќе помине со колата, друго ништо не знам. Слушнав дека се досели, но верувајте ми дека не разговарам со соседите за неа. Не ни е тема. Навистина не ја следам нејзината работа, знам која е Дара Бубамара и дека е присутна на јавната сцена, но не знам ништо друго за неа“ вели соседот на пејачката.
Од друга страна, сосетката Виолета која има стан спроти зградата на Дара вели дека нема да пие кафе со пејачката, но нема проблем да ја поздрави кога ќе ја сретне.
„Дара ја гледам од тераса кога се паркира. Не доаѓа често. Секогаш е расположена, насмеана и ме поздравува кога ќе ме види. Немаме некој специјален однос за да седнеме и да пиеме кафе. Не комуницираме, само така во поминување“ вели Виолета за „Сцена“.
Во вилата која се наоѓа во близина на домот живеат руски дипломати, а жената која излегува од вилата не била расположена да коментира за Дара туку само истакнала дека знае која е пејачката, но дека не ја следи нејзината работа.
Во продавницата која се наоѓа во близина на зградата, велат дека Дара знае некогаш да сврати и тоа по паштета и по леб.
„Не доаѓа често, а кога ќе дојде да пазари купува вообичаени намирници. Цигари, паштета, леб. Ги прашува вработените за помош за нешто каде се наоѓа. Некогаш знае да остави и бакшиш“ вели вработенатa.
Во близина на домот на Дара се наоѓа автомеханичарска работлница, а вработените низ насмевка велат дека на Дара не и се потребни нвините услуги.
„Знам дека живее во она улица, ја видов додека го возеше автомобилот. Не доаѓа кај нас бидејќи вози нов автомобил кој се уште и е под гаранција“ вели вработените за „Сцена“.
Соседите на фолк дивата велат дека таа најчесто е сама во станот и дека досега не се појавил нејзиниот син.