Радио Милева

Музичарите пред себе имаа празник за очи: Спенџарска и Гавазова на иста сцена блескаа од сексапил (фото)

Музичарите пред себе имаа празник за очи: Спенџарска и Гавазова на иста сцена блескаа од сексапил (фото)

Пред Новата 2020 година не дели малку време, а иако броиме ситно до 31-ви декември, новогодишната еуфорија кај домашната естрада слабо се чувствува.

Како и секоја година овој период, редовно се снимаат новогодишни емисии ама на нашите познати фаци како да не им е дојдено до споделување детали на социјалните мрежи. ТВ водителката Јелена Спенџарска, пејачката Сузана Гавазова и музичарите од „Балкан бенд“, ја прекршија монотонијата и на своите профили објавија дека деновиве доста се забавувале на едно новогодишно снимање во „Скендеровски продукција“, па Новата 2020 ја дочекаа нешто порано.

фото:бојана скендеровски/фејсбук

А, како што е редот, дамите беа во фокусот, иако на сцената имаше доста музичари.

Спенџарска како водителка, Гавазова задолжена за песна, а двете во спој, блекска со својот сексапил од модниот избор кој го направиле.

И двете носеа светкави тоалети, но секоја за себе се истакна со најсилните атрибути – Спенџарска со манекенската става, а Гавазова со бујните атрибути и високиот шлиц.

Музичарите пред себе имаа празник за очи, а како ќе изгледа финалното дело кога сликата ќе се спои и со музика и мерак и за очи и за уши, останува да почекаме…

To top