Групата „Ареа“ по пауза од речиси една година повторно имаа нова песна и видеозапис, насловена „Те спомнувам“.
Музиката е заедничко дело на членовите на групата предводени од брачната двојка Ружица (вокал) и Ивица (гитара) Брчиоски, а бендот музички и понатаму го задржува својот препознатлив стил на музицирање, не отстапувајќи многу од поставените постулати уште при своето основање.
Во видеото покрај членовите на „Ареа“, се појавуваат и Елена, ќерката на брачната двојка Брчиоски, во улога на придружен вокал како и дузина млади статисти.
Спотот инаку е сниман на неколку локации во Гостивар, во Градскиот парк, во еден познат рок бар, како и на сцената во Домот на културата. Режисер на видеото е Кристијан Шемко, а вака звучи и изгледа кога ќе се спомене новото остварување на „Ареа“ – „Те спомнувам“!