Пејачката Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ станаа сопственици на вила од 2,5 милиони евра во Дедиње, која ја купија од Драган Стојковиќ Пикси.
Се наближуваат новогодишните и божиќните празници, а празнична атмосфера владее и во домот на Карлеуша – Тошиќ.
Пејачката многу се потруди околу украсувањето, па целиот дом е украсен со сијалички и разни новогодишни декорации, па се изгледа како во бајка.
Во самиот двор има Дедо Мраз, снешко и елен кои исто така се украсени со сијалички кои светкаат, а нема сомнеж дека Јеца знае да направи да се почувствува новогодишната еуфорија во нејзиниот дом. Инаку, добро е познато дека Јелена секогаш била оригнална, па така и кога го слави роденденот на ќерките, се изгледа како во бајка.
За потсетување, Карлеуша неодамна изјави дека се уште не се вселила во новиот дом.
– Сè уште не се преселив, куќата допрва треба да се реновира, но не можам да одолеам да не сликам, бидејќи куќата е навистина убава. Дворот е убав и мислам дека ќе биде рај за Атина и Ника, тие заслужуваат да имаат детство во толку убав амбиент – рече Јелена.