Радио Милева

Ќерката на Кортни Кокс е копија на својата мајка (фото)

Ќерката на Кортни Кокс е копија на својата мајка (фото)

Иако се труди да го држи својот живот далеку од очите на јавноста Кортни Кокс одлучи да се пофали со својата наследничка Коко Аркет.

Ќерката на ѕвездата од серијата „Пријатели“ денес има 15 години и неверојатно личи на својата мајка.

Кортни на својот „Инстаграм“ објави фотографија од неа и нејзината наследничка, а во описот на истата напиша: „Благодарна“.

Сличноста меѓу нив е неверојатна. Тие имаат ист облик на лицето, иста фризура и боја на косата. Погледнете ја фотографијата, па оцените колку личат.

фото: Инстаграм
To top