Пред двe недели српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ е оперирана во строга тајност, а информацијата за хирушкиот зафат ја објави магазинот „Hello“.
Цеца наводно драстично ги намалила градите и тоа од естетска причина.
Довербата им ја препуштила на лекарите од една приватна белградска клиника, а пејачката ја оперирал прочуениот бразилски доктор Ханс Астеага. Со него работел и уште еден експерт во областа, кој не сакал да коментира во медиумите за зафатот.
Цеца закрепнува веќе неколку дена, а како изгледаат нејзините нови гради, допрва ќе видиме.
Инаку, пејачката веќе еднаш ги намали градите од здравствени проблеми, а изгледа дека сега промената ќе биде драстична.
фото:instagram