Радио Милева

„Сакаше да ме задави“: Анастасија и Вељко одамна имале договор за името на првото бебе во домот, но претпоставките на тета паднаа во вода!

„Сакаше да ме задави“: Анастасија и Вељко одамна имале договор за името на првото бебе во домот, но претпоставките на тета паднаа во вода!

Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ се венчаа пред околу десетина дена, а потоа најавија дека ќе добијат син, кој ќе се вика Жељко, по дедо му Аркан.

Сестрата на Вељко, Анастасија, за српски „Блиц“ откри дека со својот брат имале договор за името на првото бебе во куќата уште откако биле деца.

„Како деца, се договоривме, кој прв ќе добие син, тој ќе го крсти Жељко. Јас го задевав дека тој дефинитивно ќе има девојче. Тој велеше „само да биде живо и здраво “ а сакаше да ме задави. Ќе бидам најдобра тетка, како што е сестрата на нашата мајка Лидија “, рече Анастасија.

фото:инстаграм

„Сите ми кажуваат „ти си следна“, но љубовта и кариерата се исто толку важни за мене. Подготвувам албум што излегува наскоро и за мене е многу важно да биде совршено. Ќе започнам да настапувам по албумот, се надевам.“, вели таа.

To top