Американската актерска ѕвезда Анџелина Џоли (44) повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите поради нејзиниот љубовен живот.
Поточно, како што пренесува „Woman’s Day“, поранешната сопруга на Бред Пит е во среќна врска со колешката, 32-годишната Еван Рејчел Вуд.
Иако Анџелина имала неколку бракови во Холивуд со мажи, познато е дека оваа заводничка е привлечена и од женскиот пол. Непознат извор раскажа за нејзината наводна нова врска за гореспоменатите медиуми:
– Иако приватниот живот Анџелина сака да се задржи за себе, неколку пријатели признале дека по нејзиниот последен развод од Бред Пит, таа одлучила дека завршила со машкиот пол, – рече изворот и објасни како се родила љубовта меѓу двете колешки.
– Магнетска привлечност е создадена пред десет години на настан каде и двете беа во друштво на нивните посилни половини, и така Анџелина дојде со Бред, додека Еван се појави со пејачот Мерлин Менсон. Останатото е историја – открива анонимен извор и додава:
– Со сигурност може да се каже дека тоа беше љубов на прв поглед, но и двете беа во среќни врски и мораа да ги потиснат своите чувства, но на крајот, тие се споени и сега конечно можат да уживаат меѓусебно – додава изворот.
Ниту една актерка сè уште не ја коментираше оваа приказна, па уште се чека да ја потврдат или негираат.
фото:гуливер/гети имиџис