Српската фолк- пејачка Гога Секулиќ (42) синоќа ја разбрануваа фантазијата на многумина мажи објавувајќи селфи каде лежи во кревет и ја гризе мрежестата маица.
На фотографијата, таа го означи својот сопруг Урош Домановиќ (27), кој инаку е познат спортист.
Во последно време, Гога носи модни парчиња во рап фазон, но синоќа направи исклучок. Таа носеше црн градник од тантела и мрежест топ врз него кој го загриза со забите и „пукаше“ селфи.
Дека дивата жешка поза беше упатена само кон нејзиниот сакан, сакаше да алудира со ознаката на неговото име, но понуденото беше за „полнење очи“ и кај сите припадници на посилниот пол кои се нејзини следбеници и обожаватели.
– „Гоги, жена мачка”, „ Значи, јас не сум добаро кога те гледам вака “,”„Мојата кралица, жена со големо срце “- се само неколку од коментарите.
Гога неодамна ги воодушеви обожавателите со новата песна насловена „Девојка на лош глас“, и тогаш кажа:
„Мојата кариера зпочна во нов тек, особено откако зад мене има вистински професионалци, предводени од менаџерката и продуцентка Билјана Савиќ“, изјави Гога за српските медиуми.