Хелена Роза пред нешто повеќе од две година по вторпат се реализираше во улогата на мајка на преслаткиот Тиан, а пак нејзината прва љубов, ќерката Кјара порасна во вистинска убавица со која може да се гордее.
Убавата наследничка на Хелена, веќе е доволно зрела млада дама која доминира со својата маркантност, енергија и атрибути оставени во наследство и дадени од мајката природа.
Кјара не ја пропушта приликата да се разголи и да го покаже тоа на Инстаграм, а нејзиниот профил е преполн со фотографии на кои таа блеска со својата природна убавина и телесен раскош.
Во време кога се поактуелни се силиконските гради, неприродно волуменозните усни, тетовирани веѓи и што ли уште не… навистина стана се поретко да гледаме природни девојки кои гордо се носат со своите недостатоци, бидејќи нели никој не е совршен.
„Нешто природно“, напиша убавата Кјара во описот на фотографијата каде позира со блуза со широко деколте под кое „цути“ раскош.
На ваква глетка, очекувани беа стотици лајкови и коментари, а Кјара и тоа како го заслужува!