Лепа Брена во минатото се проба и како актерка, а филмот „Ајде да сакаме“ во кој таа ја игра главната улога достигна голема популарност.
Сепак, една анегдота од снимањето јавноста досега немаше можност да ја слушне.
Брена се сети на снимањето на филмот и за хрватските медиуми раскажа за еден настан што ќе биде засекогаш гравиран во нејзиното сеќавање.
„На островот Лопуд го снимавме вториот дел од филмот и станувавме во шест секој ден. Едно утро доцнев и брзо слегував по скалите, а како што бев на високи потпетици, тие се превртеа и паднав точно така што штиклата се забоди во месото близу до колкот. Кога ме однесоа во болница, главниот хирург ми рече: „А, добро, Лепа Брено, ајде да видиме каков проблем имате?“ Добив инекција со тетанус и потоа започна шиењето. Тој трипати ме удри по задник и рече дека сè ќе биде како бонбона (се смее). Продолживме да снимаме после два дена, а оваа сцена од болницата сè уште ми е смешна и денес “, рече Лепа Брена.