Неколку дена по ред, не се смирува тлото во Албанија и постојано има земјотреси со различен интезитет. Првиот силен земјотрес кој се случи на 26 ноември однесе многу жртви односно починаа 51 лице, има повредени и материјални штети, а истиот беше почувствуван и во Македонија.
Земјотреси со посилни и послаби интезитети имаше и во Црна Гора и Хрватска.
Познатиот пејач, Жељко Самарџиќ открива дека ова не е првпат да почувствува земјотрес. Тој вели дека поради силниот земјотрес заедно со сопругата истрачале од својот дом.
Од силниот земјотрес во Албанија, а кој исто така се почувствува и во Црна Гора, се трсела целата на куќа на пејачот кој во паника истрчал надвор.
„Беше утро, спиевме, ме разбуди тресење. Станавме да видиме што се случува, бевме преплашени. Веднаш истрчавме од куќата. Секако, не бевме единствени, сите соседи беа надвор и сите беа исплашени. Не памтам таков земјотрес и страв меѓу сите“ вели Самарџиќ и додава:
„Навистина многу силно тресеше, се тресеше целата куќа. Ние спиевме, но поради силниот земјотрес истрчиме надвор. Навистина лошо искуство. Некои луѓе кои останаа во своите домови настрадаа, а некои останаа без своите куќи и станови, беше опасно“ вели пејачот.
Жељко додава дека ова не е првпат како почувствувал земјотрес, па ова за него било уште едно трауматично искуство.
„Веднаш знаев дека е земјотрес, бидејќи не е првпат да почувствувам. Доживеав еден во 1979 во Црна Гора, а јас бев во Мостар, но и таму се почувствува. Исто така се сеќавам на еден земјотрес во Скопје во 1963 година, бев мал, но се сеќавам одлично“ вели пејачот.