Северина Којиќ го изгуби спорот со нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ околу старателството над синот Александар.
Судијата Теа Голуб утринава (28. Ноември 2019) донесе привремена мерка со која се одлучува детето да живее со неговиот татко Милан кој сам ќе се грижи за здравјето и образованието на синот
Северина вчеравечер заедно со нејзиниот сопруг Игор Којиќ го праде својот син на Милан Поповиќ.
Пејачката како што истакна е шокирана одлуката на судот, а сега преку емотивно писмо на социјалните мрежи се обрати на нејзиниот син.
Во писмото таа наведува дека само документи ја разделуваат од Александар, но и му вели на синот да им прости на луѓето затоа што не знаат што прават.
Под објавата Севирина доби многу поддршка од колегите, а меѓу нив и Елена Стефановска, Антонио Гиговска, Марио Арангеловски
фото: инстаграм